Македонците возеа низ оган за да стигнат до Халкидики

by fokus

 Илјадници македонски викендаши го минаа продолжениот викенд во Грција. Оние кои што се упатија кон својата омилена летна дестинација уште во четвртокот попладне, возеа буквално низ оган, поради пожарите кои што тој ден беснееа на повеќе места, додека пак тие кои што тргна во петокот, чекаа и по пет часа за влез пред грчката граница.

thumbnail_evzoni - solun1Имено, во четвртокот, долж магистралниот пат Евзони – Солун, на околу 20 километри од граничниот премин, гореше ниската шума и возилата мораа да минуваат низ густи облаци од чад, буквално немајќи никаква прегледност на патот. Сообраќајот се одвиваше во доста отежнати услови, а возилата заглавени во чадот, ,,лазеа,, со часови низ критичниот дел на патот. Пожарите се протегаа во должина од неколку километри, но и тоа не ги сопре македонските викендаши да го минат продолжениот викенд на грчките плажи.

Оние пак кои што се одлучија да заминат во Грција во петокот, мораа да поминат дури и по пет часа пред границата чекајќи за влез, поради големата гужва. На крај, за да се справат со налетот на туристи, грчките цаиници започнаа да ги пуштаат возилата без никаква проверка на пасошите.

Приказните кои што се пласираа во јавноста дека годинава нема повеќе да има ,,Патлиџан туризам,, и дека на граница им се одземала сета храна на туристите, паднаа во вода, бидејќи грчките цариници не само што не проверуваат дали се носи било каква храна, дури не проверуваат и документи.

thumbnail_DSC06466Сепак, носењето храна од дома не е препорачливо годинава, бидејќи цените и во Грција се слични како кај нас, посебно во големите маркети, каде што може да се купат производи дури и по пониски цени. Доматите и компирот се продаваат за 80 центи по килограм, микс од свежо месо приготвено за скара се продава за помалку од пет евра за килограм, познатиот Гауда кашкавал за помалку од четири евра за килограм, праски се нудат по евро за два килограми. Во рестораните цените се слични како и минатата година, кафето е со почетни цени од евроиполовина до три евра, гирото и хамбургерите се два евра, пиците се движат од четири евра па нагоре, а семеен ручек може да си дозволите за околу 20 евра во некоја од многубројните таверни. И цените на сместувањето не се променети од лани, па така може да се изнајмат убаво уредени семејни апартмани за триесет евра од ноќ на само десттина метри од морето.

Вики Клинчарова

Поврзани новости