Mакедонците во Албанија го одбележаа патронот на манастирот кај Елбасан

by fokus 00:27
00:27

Во селото Шиjон, кај албанскиот град Елбасан денес беше одбележан патронот на манастирот „Св.Јован Владимир“, каде што се верува дека пред векови започнала православната вера на овие простори.

-Како и секоја година и овој пат на одбележувањето на патронот беа Македонци од повеќе делови на Албанија, како и православни верници од Македонија и од Албанија, пишува весникот „Илинден“.

- Advertisements -

Во написот стои дека Светиот великомаченик Јован Владимир, зетот на царот Самуил за ќерка му Косара се здобил со силен култ во западна Македонија. На иконите и фреските во нашите цркви е насликан како главата си ја држи во рацете. Во традицијата на југозападниот регион на Македонија во минатото бил развиен култот кон Светиот великомаченик кнезот Јован Владимир. Тој бил кнез на областите Зета и Далмација, во еден период влегол во судир со царот Самуил при што бил заробен. Додека бил во затвор во него се вљубила ќерката на Самуил, Теодора Косара по што тој се оженет со неа и бил вратен на престолот.

Св. Јован Владимир бил убиен во Ќафасан меѓу Струга и Елбасан. Погребан е на местото каде што денеска се наоѓа манастирот.

-Во околијата Елбасан живеат над 30 илјади Македонци. Од генерација на генерација се пренесува дека за време на Втората светска војна Италијанците сакале да го однесат кивотот на Св. Владимир, но не можеле да го подигнат поради „неверојатната тежина“, наведува весникот.

Поврзани новости