Македонците од Австралија бараат оставки на Иванов и Груевски

by Фокус 11:00
11:00

Оставка на Ѓорге Иванов и Никола Груевски и поддршка за Специјалното јавно обвинителство, беа само дел од пораките што ги пренесоа македонските иселеници од Австралија, кои се собраа пред македонскиот консулат во Мелбурн, во знак на поддршка на протестите во земјава, јавува Радио Мелбурн.

„Република Македонија денес е на крстопат и треба да се избори дали ќе има владеење на право или владеење на анархија! Дали ќе се стремиме кон НАТО и ЕУ или ќе станеме меѓународно изолирани! Дали корумпираните политичари и поединци ќе одговарат пред законот или ќе бидат аболицирани! Дали ќе владеат корупцијата и криминалот или ќе се воспостави нов поредок на чесни политичари!“, стои во дел од писмото од нивното обраќање и од декларацијата што ја доставија во конзулатот.

- Advertising -

Поврзани новости