Македонци во Австралија апелираат: Да и помогнеме на мајката да го погреба синот во Битола

by fokus

 

Македонската заедница во Австралија апелира за парична помош, која што ќе биде наменета за транспорт на телото на Зоран Димов од Битола, кој што ненадејно починал во петокот во Сиднеј. Според организаторите на хуманитарната акција, битолчанецот бил син единец, а неговата мајка која што живеела во Битола, немала доволно финансиски средства да ги покрие трошоците, кои што изнесувале околу 8.500 австралиски долари.

„Се известуваат сите роднини , пријатели и членови на македонската заедница дека во  Сиднеј минатиот петок  ненадејно почина  битолчанецот  Зоран Димов-Шојка. Зоран Димов е роден во  1973 година во Битола и е татко на две малолетни деца.

Син единец е во семејството Димови. Неговата мајка живее во Битола и финансиски не е во можност да ги покрие сите трошоци околу транспортот на незиниот син единец за достојно да го испрати во неговиот вечен дом. Трошоците изнесуваат $8500 AUD.

Ги замолуваме сите роднини, пријатели , членови на македонската заедница во Сиднеј и  Австралијa доколку сте во можност да донирате парични средства за достојно да го испратиме телото на нашиот брат македонец Зоран Димов –Шојка.

Средствата можат да се донираат на следниве места ресторант Капитал во Рокдајл и Когара, Балкан Овен Рокдајл, Кингс Корт Дели Рокдалј или на следнава сметка:

Bank name: St.George SWIFT/BIC code: SGBLAU2S Branch address: 16 Montgomery st Kogarah NSW 2217 Australia BSB number: 112-879 Account number: 488 162 811 Account name: TRAJKOVSKI – наведено е во соопштението.

Од редакцијата на македонскиот магазин во Австралија „Шило“ ни потврдија дека акцијата е сеуште во тек, и апелираат сите хумани граѓани кои што се во можност да донираат и да и помогнат на мајката да го погреба својот син во родното огниште.

Вики Клинчарова

Поврзани новости