Македонци уапсени во Хрватска за измами тешки 26.000 евра

by Фокус

Хрватската полиција уапси двајца македонски државјани под сомнение дека извршиле пет измами и тешка кражба, предизвикувајќи материјална штета од 200.000 куни (над 26.000 евра), објави Индекс.

Станува збор за 76 и 68-годишни државјани на Северна Македонија, кои, според сплитската полиција, извршиле пет кривични дела измама во август и септември на подрачјето на Сплит, Трогир и Примоштен.

За време на кривичната истрага, извршен е претрес на лично возило и стан во областа Омиш, користени од осомничениот двоец, при што пронајдена е поголема сума на пари, неколку лажни златни часовници и неколку катанци.

Поврзани новости