Македонци кои пристигнале од Авганистан одат во карантин, меѓу нив имало и позитивни

by Фокус

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

„Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму“, наведоа од Министерството за здравство.

Дел од медиумите известуваат дека има тензична атмосфера меѓу луѓето, кои тврдат дека биле тестирани во американската база во Авганистан и сите биле негативни.

Поврзани новости