696
Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.
„Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму“, наведоа од Министерството за здравство.
Дел од медиумите известуваат дека има тензична атмосфера меѓу луѓето, кои тврдат дека биле тестирани во американската база во Авганистан и сите биле негативни.