Пишува: Петар Богојески, политички и граѓански активист
Сите Македонци на планетата Земја треба да знаеме дека сме наследници на најубавото од сите култури на Балканот! Без разлика кој религиозен идентитет го носиме во себе! Сите нации имаат припадници од различни вери. Има Албанци христијани и муслимани. Има Срби христијани и муслимани. Има Грци христијани и муслимани. Има Бугари христијани и муслимани. Има Турци христијани и муслимани. Има Кинези христијани и муслимани…
Не постои никаква разлика помеѓу Македонец христијан и Македонец муслиман! Знам дека муслиманите сте лути што во минатото ние христијаните сме Ве отфрлиле од нашето племе и сме Ве нарекувале со погрдни имиња! Во право сте, ние сме грешка! За тоа мора да најдеме сила и да се извиниме, за да се обединиме сите Македонци. Еден ден, ако граѓаните ми дадат доверба, ако имам право тоа да го направам во име на Македонија и многубројните Македонци христијани, тоа ќе го направам!
Знам дека сте збунети, дел се идентификувате со Турција, дел со Албанија, дел сакате да се издвоите од сите, да бидете посебен ентитет! Ги знам и причините за тоа! Но, мора да знаете едно, Вие сте племе македонско, најславното од сите на Балканот и пошироко! Затоа и сме напаѓани и уништувани од останатите љубоморни на нашата слава, со желба да украдат од нашето историско и културно наследство!
Македонци христијани и муслимани, атеисти или од која било друга вера, ние сме културолошки наследници на најславната и најдревната македонска цивилизација! Ние сме наследници на најславните Кралеви, Цареви, Шахови, Фараони… филозофи, научници… кои се вградиле себеси во македонистичката култура! Ние сме наследници на најславните римски легии, кои го зазеле и контролирале целиот ориент! И тие се дел од македонистичката култура! Ние сме наследници на најславните Апостоли, Патријарси, Ромејски Цареци и Војсководци… ние сме директни наследници на светите солунски браќа Кирил и Методиј и нивните свети учители Климент, Наум…
Македонизмот е толку доминантна култура, со која сакале да се идентификуваат сите балкански Кралеви и Цареви! И српските и бугарските династии имале желба да бидат дел од нашата култура! Душан Велики се прогласува за македонски Цар во Скопје, со желба да биде Македонец! Бугарските Цареви особено оние од второто Царство, сите се идентификуваат со македонизмот! Династиите од Влашко и Црна Гора исто се идентификуваат со македонизмот! Власите се исто наши браќа, ромејски Македонци! Славниот Војсководец Ѓорѓија Ѓерг Искендер (Скендер Бег) исто се прогласува за Македонец и војува во славата на македонизмот!
Македонците муслимани често се идентификувате со Отоманското царство! Токму тие, Отоманските Султани ги носеле своите жени – Султании да се породат на земјата македонска во одринска Македонија, во најубавиот Одрин (Едрене) за принцовите да бидат силни и славни како Македонците! Затоа и забранувале на христијаните да се нарекуваме Македонци, зашто тие Султаните сакале да бидат Македонци! Вие тоа сте ги знаеле и за да останете Македонци, сте го прифатиле Исламот како вера. Затоа денес никако не смеете да заборавите дека сте станале муслимани, само и само за да останете Македонци! Останете тоа што сте! Бидете горди на својот сој македонски!
Славјанската преродба е создадена од Македонецот од Пирин, Светиот Отец Паисиј Хилендарски. Бугаризмот се буди и се ресоздава како резултата на влијанието и будењето на македонизмот! Затоа ние заедно сме наследници и на двете култури и нема зошто да војуваме со своите браќа од Бугарија. Македонизмот ја разбуди Грција! Албанци под дејство на македонизмот, наследници на Скендер Бег се основачи на современата денешна Демократија Елада. Ние со Грција нема зошто да војуваме за наследството. Заедно ќе го негуваме споменот од минатото! Првата Република на Балканот, после Париската Комуна, е Крушевската Република, во која поддеднакво се третираа и христијани и муслимани! Таа е создадена под славата на македонизмот! Целокупниот македонски национален и верски сепаратизам од бугаризмот и грцизмот е чедо на славата на македонизмот!
Македонизмот е супериорна култура, посилна од останатите. Зошто некој се срами да биде Македонец, кога е тоа највисоко чувство? Македонците муслимани треба да се гордеете што сте Македонци, а ние Македонците христијани треба да се гордееме што вие прифативте Ислам само за да останете Македонци, и да не го прифатите бугаризмот или грцизмот! Вие се самозаштитивте од балканските пропагнади и добивте заштита од Султаните, кои и самите се прогласувале за Македонци и наследници на тронот на славните македонски Кралеви и Цареви од солунско, одринско до Константинопол! Ние бевме уценувани, ако сакате да бидете христијани, мора да станете Бугари или Грци, покасно и Срби! Тоа беше така, зашто Султаните го сакаа македонизмот за себе и за нивниот милет. За христијаните ги оставаа другите милети. Вие бевте подложени на насилна исламизација, ние под грцизација или бугаризација. Нема разлика, сите Македонци бевме жртви и принудени да застанеме еден наспроти друг, брат наспроти брат.
Досега во историјата имаат војувано меѓу себе само Србите христијани и муслимани во Босна. Бугарите и Грците ги протераа своите муслимани во Турција! Но, ние Македонците никогаш не сме војувале меѓу себе на верска основа, ниту сме дозволиле српските или бугарските власти да ги протераат нашите браќа Македонци муслимани од Македонија! Почитувајте го Вие тоа што сме го сториле за Вас, како што ние треба да го почитиваме тоа што Вие сте го сториле за Македонија!
Да не дозволиме разно-разни печалбари по верата, одродени од своето племе, денес да не делат нас Македонците по вера и да нè кошкаат кон судир, кој никогаш ниту се случил, ниту ќе се случи. Македонец муслиман е чесен и скромен човек, верен во Бога, син на чесната мајка Богородица. Не прифаќајте „туѓа“ мода! Вие не сте тоа! Вие си имате фундаментален, вистински ислам! Не дозволувајте да се шири ерес, секти помеѓу Вас! Отфрлете ги и зачувајте ја верата и споменот на дедовците! Да се биде Македонец е гордост! Вие сте дури и повеќе Македонци од нас, кои пак со цел да ја зачуваме нашата вера христијанска сме потпаднале под бугаризмот или грцизмот! Вие сте се определиле да зачувате етничкото, ние верското! Тешка е нашата македонска судбина! Вие за да останете Македонци сте прифатиле ислам, ние за да останеме христијани сме потпаднале под други култури! Ние денес сме тука заедно, свои на своето, во нашата сакана Македонија, исто како нашите дедовци и прадедовци!
Македонец си е Македонец! Крвта вода не станува! Вклучете се во Македонски концепт, зашто ова е начинот на кој ние гледаме на Вас! Се надевам ќе ја прифатите подадената рака! Вака како што живеете дел од вас, во омраза кон своето племе, само вас ве измачува. Душата ви е немирна! Само преку помирување со своите предци ќе дојдете до душевен внатрешен мир, што е всушност суштина на исламот.