Македонското МНР даде поддршка на Украина

by fokus

Македонското Министерство за надворешни работи вечерва преку официјалниот Твитер профил и даде поддршка на Украина и повика на смирување на тензиите со Русија.

-Ние сме длабоко загрижени од ескалацијата на тензиите во Црното Море и реперкусиите кон мирот и стабилноста. Во согласност со ЗНБП на ЕУ, повикуваме на воздржаност, смируваање и целосно враќање на слободата на преминување на теснецот Керч. Ние го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина, напишаа од МНР.

Поврзани новости