Македонските универзитети и годинава ги нема на Шангајската листа

by fokus 09:59
09:59

Македонските универзитети и годинава не се рангирани на Шангајска листа на најдобри универзитети во светот.

На листата на Академско рангирање на светски универзитети за 2018 година објавена денеска, се наоѓаат илјада универзитети. На прво место 16-та година по ред е Универзитетот Харвард, на второ Стенфорд од САД, а на трето британскиот Универзитет Кембриџ.

- Advertisements -

Универзитетот Цирих, кој е на 19. место, останува да биде најдобро рангиран во Европа, а Копенхашкиот универзитет е второ место, односно на 29. на Шангајската листа.

На трето место во Европа е Универзитетот Сорбона, кој е 36-ти на листата најдобро рангирани високообразовни институции.

Од земјите во регионот, најдобро рангирани се универзитетите во Белград и во Атина, кои се меѓу 300 и 400 место, а Љубљанскиот, Солунскиот „Аристотел“ и Атинскиот технички универзитет се позиционирани меѓу 400 и 500 место.

Универзитетот во Марибор и Загрепскиот универзитет се меѓу 500 и 600 место. На Шангајската листа е рангиран и Софискиот универзитет меѓу 900 и 1000 позиција.

 

Поврзани новости