Македонските свиркачи Лазаревски и Костовски во потесен круг со Џулијан Асанж за наградата на ЕП

by fokus

„Транспаренси Интернешнл – Македонија“ ги номинира македонските свиркачи Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски за наградата „Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање“ под покровителство на Европскиот Парламент. Лазаревски и Костовски го открија скандалот со масовното прислушување, кој доведе до пад на претходната власт.

Од „Транспаренси Интернешнл“ информираат дека во потесниот избор се влезени Јан Куцијак, словачки истражувачки новинар, кој истражуваше даночни измами меѓу бизнисмени и словачки политичари, потоа Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, Марија Ефимова, укажувач, која откри корупција поврзана со малтешките политичари и Рафаел Халет, укажувачот за даночна евазвија во Луксембург, поврзан со „Луксембург Ликс“.

Поврзани новости