Македонските ракометари го победија Чиле и се пласираа во главната фаза на СП

by fokus

Македонската ракометна репрезентација успеа да обезбеди пласман во втората, главна фаза на Светското првенство во Египет, откако попладнево во Каиро го совлада Чиле со 32:29.

Ова беше дуел од третото, последно коло во Г-групата на двете репрезентации кои беа поразени во првите две кола. Победата за „црвено-жолтите“ беше императив, а до неа се стигна со подобра игра во второто полувреме. Чилеанците беа подобри во првите 30 минути и на полувреме заминаа со водство 17:16. Сепак, во вториот дел, до израз дојде поголемиот квалитет со кој располага нашата репрезентација.

Најзаслужни за првиот триумф на Мундијалот во македонскиот национален тим беа капитенот Кирил Лазаров со седум погодоци и голманот Никола Митревски со 14 одбрани.

Во Главната фаза ривали на македонските ракометари ќе бидат Белорусија, Словенија и Русија.

Поврзани новости