Македонските граѓани гледаат само турски серии и спорт

by Фокус

Десетте најгледани содржини во 2013 година биле емитувани на ТВ Сител,  четири од нив биле директни преноси од спортски натпревари, пет биле серијали и еден игран филм, покажува анализата на Агенцијата за медиуми.

На првото и на второто место се директните преноси на два натпревари од Светското првенство во ракомет за мажи (натпреварот помеѓу репрезентациите на Данска и Македонија со рејтинг од 22,5 проценти и натпреварот помеѓу репрезентациите на Катар и Македонија со рејтинг од 22,4 отсто. Уште два директни преноси на спортски натпревари се меѓу десетте најгледани содржини (ракометниот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Чиле и кошаркарскиот натпревар меѓу репрезентациите на Литванија и Македонија).

На третото место се наоѓа играниот филм „Тесна кожа“, произведен во 1982 година во поранешна СФРЈ. Помеѓу десетте најгледани содржини успале да се најдат дури пет серијали, од кои четири во турска продукција и еден во српска продукција („Гревот на нејзината мајка“).

 

avmu.mk images Analiza_na_pazarot_2013.pdf

 

Дури 84 од стоте најгледани програмски содржини биле од понудата на ТВ Сител. Само четири биле емитувани на ТВ Канал 5, и тоа: снимка од манифестацијата „Златна Буба Мара на популарноста за 2013 година“ (на 27-мо место со гледаност од 15,9%), преносот од изборот „Хурем на годината“ (на 58-мо место со гледаност од 10,8%) и турските серијали „Долина на волците Замка“ (на 93-то место со просечна гледаност на седумте емитувани епизоди од 8,5%) и „Величествениот“ (на 96-то место со просечна гледаност од 8,4% на вкупно 93 емитувани епизоди). Останатите 12 програмски содржини помеѓу 100-те најгледани биле од програмската понуда на првиот канал на Македонската телевизија (МТВ1).

Десет од нив биле преноси од спортски натпревари (четири натпревари на македонската репрезентација на Квалификациите за Светското првенство во фудбал, четири преноси од натпреварите на лигата на шампионите, еден фудбалски натпревар од Купот на конфедерации и еден ракометен натпревар на квалификациите за Европското првенство помеѓу Македонија и Португалија), преносот од извлекувањето на наградите за наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ (на 57-мо место со гледаност од 10,9%) и преносот од втората полуфинална вечер на Евросонг (на 82-ро место со гледаност од 9,2%).

Поврзани новости