Македонските државјани кои се на бродот со корона вирус се во добра состојба

by fokus

Тројцата македонскит државјани кои се наоѓаат на брод кој е под карантин закотвен во Јокохама, Јапонија се членови на екипажот и се наоѓаат во добра здравствена состојба, информираат од МНР.

– Информираме дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио оствари директна комуникација со тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот “Diamond Princess”, во Јокохама, Јапонија. Станува збор за двајца мажи и една жена, членови на екипажот и се наоѓаат во добра здравствена состојба, се вели во официјалните информации од МНР.

Крузерот е во карантин во пристаништето Јокохама, откако кај еден патник што се симнал од бродот во Хонг Конг му бил дијагностициран вирусот.

На бродот има околу 3.700 патници и членови на екипаж. Досега е утврдено присуство на вирусот кај 130 патници на бродот.

Поврзани новости