Македонските Бугари побараа од Османи заедно да посредуваат за смирување на тензиите во земјава

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска, се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Ѓоргиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Македонија.

Трендафилов и Ѓорѓиевски побарале и тој и тие да посредуваат за смирување на тензиите во земјава бидејќи „во експлозивна атмосфера не е возможно да се донесат квалитетни, рационални, политички решенија што е во интерес на граѓаните на земјава“.

Како што соопшти МНР, на средбата, која поминала во позитивна атмосфера, биле размените мислења за прашања коишто ја засегаат бугарската заедница во Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата.

Поврзани новости