Македонскиот вундеркинд Воденски повторно освои медал

by fokus

Македонскиот вундеркинд Кристијан Воденски кој долги години се натпреварува во детските лиги во Германија во повеќе боречки вештини, освои нов медал. Овој пат тој беше најдобар во бразилско џиу-џицу за натпреварувачи до 48,3 килограми.

– Се натпреварував како дел од тимот на „Pyranha“ под водство на тренерот Омар Пикјоти. Првото место го освоив во категоријата У-16 на турнирот „Ултимејт Бетл Трејлс“. Редовно имам борби со мојот тим и најчесто победувам на натпреварите, вели Воденски.

Воденски поради повреда една година паузираше, а на борбите им се врати на почетокот на септември 2019 година.

Кристијан Воденски со семејството долги години живее во градот Офенбах, Германија и е германски НАГА шампион во сезоните 2014, 2015 и 2016.

Поврзани новости