Македонскиот Црвен крст ја испрати првата пратка со хуманитарна помош за Турција и Сирија

by Fokus

Хуманитарната помош собрана од страна на Црвениот крст на Македонија денеска тргнува кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник ги зафати Турција и Сирија. Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, информираше дека до денеска собрани се вкупно 25.120.773 денари парична помош, и два камиона со 800 пакети храна, 1.700 пакети со средства за хигиена и 4.000 ќебиња.

Турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизкок, од друга страна, информираше дека преку разни невладини организации и компании и, како што рече, со браќата и пријателите од оваа земја досега реализирана е испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали и 4.360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори, како и 18 агрегати.

Поврзани новости