451
Македонскиот државјанин,чиј идентитет не се наведува, кој патувал со луксузен автомобил марка „БМВ7“ изјавил дека се враќа од Холандија и оти патува за Албанија. При конрола на возилото биле откриени три пакетчиња од по килограм чист кокаин, скриени во посебно направен дел во внатрешноста на луксузниот авотмобил. Одземени се и возилото, како и два мобилни телефона.
Уапсениот македонски државјанин, кој е пренесен во затворот Bassone (Como), според италијанските медиуми ќе одговара за меѓународна трговија со дрога.
Под ова обвинение му се заканува затворска казна од шест до 20 години и парична казна од 26 илјади до 260 илјади евра.