498
Авганистанската полиција соопшти дека Македонски државјанин е киднапиран и убиен во главниот град на Авганистан, Кабул. Тој е убиен заедно со уште двајца странци кои работеле за меѓународна компанија за храна во Кабул.
„Индиски, малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени, а ги пронајдовме нивните тела”, изјави денеска Кабул Хашмат Станекаи, портпаролот на началникот на на полицијата. Нивните лични карти биле пронајдени покрај телата и сега се бара потврда од фирмата каде што работеле
Портпаролот прецизира дека тројцата работеле во втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот Содексо.