Македонски државјанин баран од скопските власти приведен во Ќустендил за екстрадиција

by Fokus

Судот во Ќустендил во Бугарија му изрече мерка притвор на Е.Н. (52) државјанин на Северна Македонија кој е во постапка за екстрадиција, јави дописникот на МИА од Софија.

Како што соопшти Окружното обвинителство во градот, лицето било приведено од полицијата на барање на судските органи на Северна Македонија.

-Тој е осуден од Основниот суд во Скопје на три години затвор за измама и е распишана меѓународна потерница по него. Осуденикот довел во заблуда друго лице при купување автомобил БМВ, стои во соопштението.

До екстрадицијата во Северна Македонија Е.Н. ќе го издржува притворот во затворот Бобов Дол.

Поврзани новости