Македонски државјани приведени во Србија: Не почитувале вонредни мерки

by Fokus

Српската полиција приведе двајца државјани на Македонија, М. J. (1975) и А. J. (1992), со пребивалиште во Темерин (Војводина), под сомнение дека сториле кривично дело непостапување според законска регулатива за време на епидемија, соопштија од министерството за внатрешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, двајцата Македонци се сомничат дека во својот локал во Темерин им служеле пијалоци на гостите, со што ги прекршиле прописите за работа за време на епидемија.

Ним им е одреден притвор до 48 часа, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави до Основното јавно обвинителство во Нови Сад.

Поврзани новости