Македонски автобус се запали во Бугарија – најмалку 45 загинати

by fokus

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запалил автобус со македонски таблици што сообраќал на релација од Истанбул до Скопје.

Според првичните информации, во несреќата има и преживеани.

Автобусот влегол во Бугарија од Турција преку ГП „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 02 часот на автопатот „Струма“ на правецот Софија – Благоевград.

Како што изјави за бугарските медиуми началникот на Пожарникарската служба Николај Николов, во автобусот патувале 53 лица. Загинале 45, а останатите се пренесени во болница. Автобусот е опожарен, а на местото на несреќата се уште се птотивпожарни екипи и медицински тимови.

Сообраќајот во двата правци на автопатот е во прекин.

Сочувство за загинатите изрази премиерот Зоран Заев, кој бил информиран за несреќата од бугарскиот премиер Стефан Јанев.

Поврзани новости