Македонската ракометна репрезентација ја победи Швајцарија

by Фокус

Македонската сениорска ракометна репрезентација со победа ги заврши квалификациите за Европското првенство во 2022 година во Унгарија и Словачка. Последна жртва на „црвено – жолтите“ беше репрезентацијата на Швајцарија, која во СЦ „Јане Сандански“ беше поразена со 29:28.

Избраниците на селекторот-играч Кирил Лазаров дозволија противникот во првото полувреме неколку пати да има предност од три гола, но не и со оваа предност да замине на одморот. „Црвено – жолтите“ успеаја да ја анулираат негативата и на полувреме да заминат во егал 16:16.

Во вториот дел од натпреварот се играше гол за гол до 53-тата минута кога нашите ракометари направија предност од три гола од 26:23. Разликата беше доволна за петта победа на Македонија во овие квалификации кои ги завршивме со десет бода, исто колу што има и првопласираната во групата – репрезентацијата на Данска.

Швајцарија бркаше победа на овој натпревар, потребна за пласман на ЕП, но не успеа и остана без учество на континенталниот собир.

Поврзани новости