Македонската амбасадорка во Белград испрашувана за прислушувањето на српскиот разузнавач

by fokus

Македонската амбасадорка, Вера Јовановска денеска беше повикана во Министерство за надворешни работи на Србија да даде објаснување за прислушувањето на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ, српскиот новинар Мирослав Лазански и пратеникот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ.

На средбата со помошникот министер за надворешни работи на Србија, Горан Алексиќ и шеф на кабинетот на министерот, Дејан Златановиќ, таа рекла дека “македонските служби не располагаат со информација за присуство на припадници на други странски служби во Собранието” на 27 април.

Српските фукционери и рекле на Јовановска да ги пренесе во Скопје српските очекувања дека “добрососедските односи можат да се развиваат само врз основа на меѓусебен почит и дипломатските принципи како реципроцитет и рамноправен третман на сите членови на меѓународната заедница”.

Поврзани новости