Македонија во иста група со Грција во квалификациите за ЕП

by fokus

Македонската ракометна репрезентација вечерва ги доби противниците во квалификациите за Европското првенството кое ќе се игра во 2020 година. Македонија ќе игра со Исланд, Турција и нашиот сосед Грција.

Првото и второто место во групата носат пласман на Европското првенство 2020, плус четирите најдобри меѓу третопласираните.

Првиот натпревар Македонија го игра со Турција, а квалификациите ги затвора на домашен терен со Грција, кога ќе има можност да го прослави пласманот на Европското првенство, со оглед на квалитетот на нашите противници.

Поврзани новости