Македонија во интензивна комуникација со Европската комисија за грант за покривање на трошоците за вакцините

by fokus

Попладнево бил одржан видео состанок инициран од Европската комисија, на кој што биле адресирани сите важни аспекти за мерките кои ЕУ ги презема за обезбедување вакцини за земјите од Западниот Балкан.

На состанокот, како претставник на Владата на Северна Македонија учествуваше државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Калинка Габер која информираше за состојбите, преземените и планираните активности, како и за националните потреби за успешно спроведување на вакцинацијата против коронавирусот. Северна Македонија беше поздравена за навремената подготовка на Националниот план за вакцинација против Ковид19, како и за изготвувањето на стандардни оперативни процедури за прием, ракување, складирање и дистрибуција на вакцините, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.

Директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат на ЕК за соседство и преговори за проширување, Геновева Луиз Калавера во своето воведно обраќање информирала дека и покрај сериозниот недостиг на расположливи дози и за самите земји членки, Европската комисија останува посветена на обезбедување вакцини за земјите од регионот. Таа рекла дека ЕК ги завршила подготовките за пренасочување на 70 милиони евра ИПА средства за набавка, за која што во наредните 3 до 4 недели до надлежните власти ќе бидат доставени грант договори за покривање на трошоците за вакцините, опрема и потрошен материјал.​

Поврзани новости