Македонија треба да ја замрзне работата на историчарите, бара Димитров

by Fokus 16:59
16:59

Некој е нервозен. БГНЕС гледам пак се занимава со мене, со како што ме нарекоа “корона вирусот” за бугарската политика, вели поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

-Потсетуваат на протокол на меѓувладината комисија оддржана во време кога Софија го поддржуваше почетокот на пристапните преговори со ЕУ! Документот содржи охрабрување до Комисијата на историчарите да ја забрза својата работа вклучувајќи ги и најделикатните теми од најделикатниот историски период важен за двете држави. Се разбира, формулацијата не создава обврска, ниту правна ниту политичка, бидејќи политиката може само да охрабрува и да создава позитивен амбиент за историчарите, вели Димитров на Фејсбук.

Според него тој амбиент го оневозможила токму Бугарија, кога реши со уцена и со сила да пробува да добие тоа што го сака.

-За сите нации е здраво општествата и експертската јавност да отворат и теми од минатото околу кои има различни гледања.Тој процес го направи невозможен токму Софија, меѓу другото и со затворање очи спрема сегашноста. Дека во нивниот сосед живее македонски народ што говори македонски јазик. Без прифаќање на таа реалност, без почитување на нашето право да кажеме кои сме, не може ниту да се разговара вистински за минатото, ниту да се гради пријателство, пишува Димитров.

Според него овој обид е израз на нервоза околу мојата улога во битката да не’ влеземе во замката на францускиот предлог.

-Не гледајќи, дека бетонирањето на уцената со европски печат, ја прави работата на комисијата за историски прашања уште поневозможна. Мој став е дека македонската страна треба да ја замрзне работата на историчарите како контра мерка на прекршувањето на членот 2 од договорот од страна на Софија. Додека има вето, нема услови за работа на комисијата растоварена од уцени.Мојата улога се разбира ќе продолжи.Овој “корона – вирус” прерано сте го прогласиле за готов“, вели тој.

Поврзани новости