Македонија со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

by fokus

Пораз од Белорусија со резултат 30:26 забележа македонската репрезентација во последниот свој натпревар на 27. светски шампионат во Египет.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац, кои Мундијалот го завршуваат со пет порази и само една победа, одиграа добро прво полувреме во кое во најголемиот дел имаа водство, но на пауза се отиде со нерешени, 14:14.

Во второто полувреме македонските ракометари даваа отпор десетина минути, но по 20:20, му дозволија на противникот да направи серија од 4:0 која се покажа клучна за конечниот исход.

Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен во македонскиот национален тим со седум погодоци. Тој беше прогласен за играч на мечот.

 

Поврзани новости