Македонија претставена на Европскиот состанок на највлијателната хуманитарна организација на жени во светот Inner WheelInternationa

by fokus

Од 7 до 10 јули во Варезе, Италија се одржа десетиот Европски состанок на една од најголемите и највлијателни хуманитарни организации на жени во светот Inner Wheel International, на кој учество зеде и Македонија преку клубот Inner Wheel District 255 претставуван од претседателот  г-ѓа Анета Антова Пешева.

Grupna

Дел од овој значаен настан  беа 35 учесници, претставници од 17 европски земји меѓу кои, претставници од Австрија, Белгија, Хрватска, Данска, Финска, Германија, Велика Британија, Ирска, Грција, Исланд, Италија, Македонија, Холандија, Норвешка, Романија, Шведска, Швајцарија. Претставниците на клубовите низ Европа на дводневниот настан добија можност да ги презентираат активности кои ги реализирале во рамки на своите клубови но и разговараа за идните планови, проширувањето на мрежата на клубот и секако организацијата на хуманитарни активности на ниво на Европа.

Македонскиот клуб предводен од претседателката Анета Антова Пешева доби голем број на пофалби за спроведените активности и правецот во кој се развива здружението во нашата земја. Пешева во своето обраќање пред присутните со гордост ја претстави Македонија и активностите на District 255  и сите клубови на Inner Wheel од земјата кои се насочени кон социјално и здравствени загрозени категории.

Интернационалниот клуб Inner Wheel поврзува влијателни жени од целиот свет, а нивна главна цел е  промоција и организација на активности, услуги и позитивни практики, со цел подобрување на животот на жените и децата во светот, преку глобалната мрежа на членки, кои донираат на волонтерска основа – средства, посветеност и љубов на останатите. Во Македонија во моментов во District 255 членуваат повеќе од 100 жени кои се посебно посветени на хуманизмот и ширањето на добра волја.

Поврзани новости