Македонците преку телефон собраа близу 120.000 евра за Србија и за БиХ

by Фокус 13:47
13:47

До 12 часот денеска преку трите телефонски линии за донација на Црвениот крст за помош на настраданите од Србија иод  БиХ собрани се вкупно 7.300.000 денари или околу 118.000 евра, соопшти Црвениот крст.

Од таму потсетуваат дека материјална помош сѐ уште е потребна во вид на конзервирана и сува храна, вода за пиење и средства за хигиена.

- Advertising -

Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвен крст со адреса „Момин поток “ ББ, телефон 02/3096-227 од 8 до 18 часот. Како и Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ од 8 до 17 часот.

Поврзани новости