Македонија понудила да потврди дека има луѓе кои веруваат дека сме ист народ со Бугарите

by fokus 14:18
14:18

Во предлогот што македонската Влада и го доставила на Бугарија за решавање на спорот, македонската страна, меѓу другото, прифатила дека имаме два слични, но различни и меѓународно признаени јазици, дека имаме заедничка историја и дека прифаќаме дека има луѓе кои веруваат дека сме ист народ. Ова го откри премиерот Зоран Заев на денешната прес конферениција.

-Потврдуваме дека постојат луѓе коишто веруваат дека сме припадници на ист народ, како што има и многу луѓе кои веруваат дека сме два засебни и посебни народи. Прашањето за идентитетот и јазикот не го отворивме, Бугарија не ни го побара тоа, рече Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости