Македонија меѓу десетте земји во Европа со најниски плати

by fokus

Македонија се најде на листата на десетте најмизерни европски држави, со најслабо платени работници. Друштво на Македонија и прават Грузија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Албанија и Србија.

Според висината на платите, најсиромашна земја е Украина со просечна плата од 190 евра. Следи Молдавија со 216 евра, потоа евроазиската земја Азербеџан на трето место со просечна плата од 232 евра, соопшто ураинскиот аналитички центар, „Texty“. Во составувањето на лицата, економистите се воделе според висината на нето платите.

Според нивните податоци, највисоки примања имаат работниците во Швајцарија каде просечна плата изнесува 4.421 евра потоа Исланд со просечна плата од 3.440 евра, и Норвешка со просечна плата од 3.405 евра.

Поврзани новости