Македонија како дел од А5 групата потпиша декларација за соработка

by fokus

Во рамки на состанокот на Јадранската повелба што денеска се одржа во Охрид,  членките на А5 групата, Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска потпишаа заедничка декларација.

Земјите се договорија да ја подобрат меѓусебната соработка и да го зголемат нивното заедничко учество во странски мировни мисии преку заеднички тимови.

Премиерот Зоран Заев од состанокот на Јадранската повелба изрази оптимизам дека Македонија ќе стане 30-тта членка на алијансата, а министерската за одбрана, Радмила Шеќеринска ја изрази подготвеноста на владата да ги реши сите отворени проблеми со соседите.

Поврзани новости