Македонија историски најлошо рангирана според индексот на корупција на Транспаренси Интернешенл

by Fokus

Нашата земја е најлошо рангирана досега на индексот за корупција на Транспаренси Интеренешнл со пад од 5 места на 111 место во друштво на БиХ, Панама и Монголија. Земјава заедно со БиХ се на дното во регионот според перцепцијата за корупција.

Македонија, Босна и Херцеговина. Панама и Монголија го делат 111 место на ранг листата за перцепција за корумпираност на државата, покажа последниот извештај на Транспаренси Интернешнл. Со ова, земјата бележи пад од пет позиции во однос на минатата година. Но, промена во индексот нема, односно и годинава како и лани индексот изнесува 35. Ова рангирање е историски најлошо досега откако се мери во земјава, вели Слаѓана Тасева од македонското претставништво на Транспаренси Интернешнл.

„Ова е историски најлош резултат на индексот, до сега бевме најдолу на 107 и сега сме уште подолу, ова е прв пат откако Македонија се рангира, да имаме толку лошо рангирање, индексните поени 35 се исти како и лани. Апсолутно не бележиме никаков напредок, а многу е важно да се знае дека методологијата е заснована на истражувања не постари од две години“, вели Тасева.

Поврзани новости