Македонија исклучена од проектите за обединување на Западен Балкан

by fokus

Земјите од Западниот Балкан прво ќе треба економски да се обединат и да создадат еден заеднички пазар, за да можат да влезат во ЕУ.

Ова го порача еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан и најави финансиска помош од 150 милиони евра за транспортни и енергетски проекти за земјите во регионот, но меѓу нив не се најде Македонија.

ЕУ 96 милиони евра ќе додели за железнички проекти во Србија, Албанија и Косово и уште 50 милиони евра за зелени проекти.

Потенцијалот за поврзување на трите држави ќе биде искористен само ако ги извршат неопходните реформи, изјави Хан во својот говор на бизнис форумот во Париз, каде воопшто не ја спомена Македонија.

Ова е втор ладен туш за македонската Влада, откако ЕУ суспендираше 27 милиони евра од ИПА-фондовите наменети за Македонија.

Како главна причина за санкциите беше наведена политичката криза и неодговорноста на властите кои не покажуваат волја за спроведување на реформите.

Поврзани новости