Македонија им помага на луѓето погодени од поплавите во Србија и Босна

by Фокус 10:40
10:40

По страшното невреме и поплавите кои ја зафатија Србија и Босна и Херцеговина проработи хуманоста кај луѓето. Во Македонија се формираат фејсбук групи и се организираат хуманитарни акции кои ќе им помогнат на луѓето кои ги изгубија своите домови во поплавите.

Неформални групи за собирање материјална помош за Србија се: За комшиите се работи!, Хуманитарна акција!, Молете се за Србија! и Хуманитарна акција за  помош на настраданите од поплавите во Србија (на последниот линк може директно да се испраќа финансиска помош).

- Advertisements -
Banner 300x250_

Освен тоа, во недела во 12 часот, група граѓани на плоштадот Македонија во Скопје организира хуманитарно собирање на облека и постелнина, вода, млеко во прав, пелени, и по тој повод се замолуваат сите оние кои се во можност да дојдат и да помогнат колку можат.

Собраните средства ќе бидат донирани директно во Босна и Србија за поддршка на најпогодените заедници и индивидуи со најголема потреба. ЦИРа како организатор на оваа хуманитарна иницијатива, ќе ги трансферира собраните средства на партнерските организации од Србија и Босна, кои работат во областа на развојот на филантропијата.

Поплавите предизвикаа илјадници луѓе да ги напуштат домовите, да уништат голем број на патишта и мостови, да ги затворат училиштата, и да предизвикаат прекин во снабдувањето на електрична енргија за цели градови.

 

Поврзани новости