Македонија и Казахстан се први земји кои прифатиле повратници од Сирија

by fokus 11:56
11:56

Македонија е прва европска земја која прифати свои државјани што се бореле на страна на на Исламската држава во Сирија и Ирак, пишува германскиот весник „Билд“. Според весникот САД започна со враќање на заробените борци на Исламската држава во нивните матични земји, а први кои го прифатиле тоа се Македонија и Казахстан.

„Се работи за стотици терористи кои им се предале на милициите на Курдите (ИПГ) по освојувањето на самопрогласениот главен град на Исламската држава, Рака во есента 2017 година. Курдската милиција со месеци бара од САД да се погрижат за враќање на заробениците во нивните матични држави затоа што тие се дополнителен товар за нејзините ресурси: ИПГ мора да се грижи за да ги прехрани, но и да ги обезбедува“, пишува „Билд“, пренесува „Дојче веле“.

- Advertisements -

Сепак матичните држави досега го игнорираат проблемот со џихадистите повратници.

Според информации на Билд, САД како водечка членка на анти-терористичката коалиција сега се обидуваат да извршат притисок врз сојузниците за забрзано преземање на џихадистите.

 

Поврзани новости