Македонија и Грција да ја засилат граничната соработка

by Фокус

ЕУ и земјите од Западен Балкан на вчерашниот Самит во Брисел донесоа краткорочен план за решевање на проблемот со бегалците. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и германската канцеларка Ангела Меркел, сепак, истакнаа дека особено е важно долгорочно да се реши причината за кризата.

Според донесениот акционен план, Македонија треба да итно да почне со имплементација на билатералните мерки за градење доверба и да се засили граничната соработка со Грција. Исто така, се предвидува и Македонија, Грција и Албанија да ја засилат контролата на надворешната земјена граница. Грција ќе добие помош од агенцијата Фронтекс во регистрацијата на бегалците и на мигрантите што не се регистрирани. Во планот предвидена е и „засилена посветеност на УНХЦР на границата меѓу Грција и Македонија”.

Претставниците на земјите од ЕУ и Западен Балкан се договорија и да се создадат 100.000 места за згрижување бегалци во текот на зимата. Од овие 100.000 места, 50.000 ќе бидат на Западен Балкан.

Поврзани новости