Македонија го потпиша Аранжманот за спроведување на Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот во Западен Балкан

by fokus

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и Еврокомесарот задолжен за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос денеска го потпишаа Аранжманот за спроведување на Заедничкиот акциски план за борба проти тероризмот во Западен Балкан, помеѓу Европската комисија и органите на Република Северна Македонија.

На прес конференцијата по повод потпишувањето министерот Спасовски го изрази своето задоволство одпотпишувањето на овој аранжман во име на Владата на Република Северна Македонија, нагласувајќи дека Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот е израз на заложбите за заедничко дејствување, истовремено отварајќи ја вратата за поинтезивна соработка заснована на доверба и партнерски однос.

-Во фокусот на нашето заедничко дејствување како приоритети ги поставивме: ефективната размена на информации и зајакнување на оперативната соработка, подобрување на капацитетите за справување со терористичките содржини на интернет, како и понатамошно јакнење на капацитетите за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот. Како особено значајна за нашата држава би ја истакнал и поддршката на Европската Комисија во градењето на концептот на заштита за критичната инфраструктра, како една од приоритетните цели содржани во Заедничкиот акционен план, истакна Спасовски.

Поврзани новости