Македонија го освои осмото место на Евровизија

by fokus

Македонија го освои осмото место на Евровизија, а победата ја однесе Холандија.

Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната Proud досега го освои најдобриот пласман. Додека течеше гласањето, Тамара долго време беше во водство, но сепак гласовите од публиката не симнаа подолу на листата.

Македонија освои вкупно 295 бодови, од кои 58 од публиката, а останатите од стручното жири.

Од Грција, Македонија доби само еден поен, а 12-ки ни дадоа повеќе земји како Албанија, Србија, Италија, Австрија, Велика Британија, Молдавија и Швајцарија.

Поврзани новости