Македонија е единствена земја во Европа каде фирмите не се обесштетуваат од стечајна маса, реагираат штедачите од Еуростандард

by fokus 15:41
15:41

Македонија е единствената земја во Европа каде правните лица – фирми воопшто не се обесштетуваат од државниот Фонд за осигурување на депозити во случај на пропаѓање на банка. Ова е спротивно на начелата на владеење на правото дефинирани со Уставот на РСМ, реагираат повторно штедачите од пропаднатата Еуростандард бака.

-Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити, физичките лица депоненти во банка се осигурани до 30 илјади евра додека за правните лица депоненти во банка не постои никаква осигурителна сума. За разлика од нашата земја која се стреми да биде членка на Европската унија, не постои земја членка во унијата каде правните лица не се заштитени и не се законски обештетени, како и физичките лица, пишуваат штедачите во својот допис до јавноста.

- Advertisements -

Според нив, и кај сите наши соседи односно земјите од Западен Балкан постои обесштетување со закон кое важи како за физичките така и за правните лица при стечај на банка. Тоа е така и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Само во Македонија правните лица се дискриминирани и лишени од било каква заштита и обештетување.

-Оваа крајно неправедна, дискриминирачка, незаконска и неуставна одредба ги оштетува двете групи на доверители, граѓаните со депозити над 30 илјади евра и особено фирмите. Од една страна, фирмите се законски обврзани да работат преку банки кои официјално имаат дозвола за работа издадена од Народна банка и кои треба да бидат контролирани од истата. Од друга страна, во случај на стечај на банка, како што е сега случајот со Еуростандард банка, тие воопшто не се обештетуваат, се додава во соопштението.

Поврзани новости