Македонија денеска го игра одлучувачкиот натпревар за третото место

by fokus

Македонската ракометна репрезентација денеска на Светското првенство игра со Исланд, натпревар од кој зависи пласманот на нашите ракометари во групата.

Доколку избраниците на Лино Червар победат, тогаш Македонија ќе заврши на третото место во групата и во осминафиналето ќе игра со Норвешка. Доколку изгубиме, тогаш во осминафиналето ќе играме со домаќинот Франција, репрезенатција која е фаворит за освојување на титулата. За да ја избегнеме Франција, ни одговара и нерешен резултат.

Интересен факт е дека кога македонската репрезентација играла на Водици, никогаш нема загубено. Натпреварот започнува во 17:45 часот со директен пренос на МРТ.

Поврзани новости