„Македонија блокира“ се сели пред домот на Пешевски поради неговото писмо до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Демонстрантите од организацијата „Македонија блокира“ денеска ќе се соберат пред домот на поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски. Тие ќе му врачат протесно писмо поради неговите пораки до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Делегација на „Македонија-Блокира“ денес, чеврток, 22 ноември 2018 пред домот на поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски ќе му предаде протестно писмо поради неочекуваното негово вклучување во националното предавство со упатување писмо до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните промени со кои се брише се што е македонско“, соопштија од Единствена Македонија.

Поврзани новости