Движењето против уставните промени „Македонија Блокира“ во денешното соопштение за идните активности соопшти дека ќе организира одење пред домовите на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.
-Во среда,на ден 07.11.2018 г.,ќе одржи народен собир во Вевчани со почеток во 19:00 часот при што ќе биде посетен домот на пратеникот Крсто Мукоски и ќе му биде врачено протестно писмо во врска со неговото гласање за уставните измени и воедно од него ќе биде побарано да ја промени својата одлука при повторното гласање во собранието на Р.Македонија кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство за потврдување на уставните измени. Во сабота,на ден 10.11.2018 г.,ќе одржи народен собир во Охрид со почеток во 18:00 часот на широчината непосредно до хотелот „Ројал Вју“.Оттука поворката ќе се упати кон домовите на пратениците Сашо Василески и Љубен Арнаудов при што и нив ќе им биде врачено протестно писмо во врска со нивното гласање за уставни измени и воедно и од нив ќе биде побарано да ја сменат својата одлука при повторното гласање во собранието на Р.Македонија кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство за потврдување на уставните измени, се вели во соопштението.
„Македонија блокира“ апрелира до присутните на собирите за „достоинствено и родољубиво“ однесување.