„Македонија блокира“: Извадивме повеќе луѓе пред собрание отколку што имаше на НАТО-журките на СДСМ

by Фокус

„Македонија-Блокира“ реагираше во однос на соопштението на СДСМ, во кое, како што велат, луѓето што протестираат пред собранието се нарекуваат маргинални групи и поединци и остатоци од режимот, кои треба да добијат кривични пријави за говор на омраза.

„Пред Собранието имаше голем број присутни за разлика од собирите на СДСМ со т.н НАТО-журки кога СДСМ постави светски рекорд во посетеност во Охрид кога имаше само еден присутен на собирот на СДСМ. Исто така, нека повелат од СДСМ да ги покажат фотографиите од нивното блокирање со шатори пред владата кога беа двајца-без тројца“, стои во соопштението на организаторите на протестите пред парламентот против уставните измени.

Поврзани новости