Македонија била цел на хибридни закани при промената на власта и промената на соседските односи

by fokus

Агенцијата за раузнавање на Република Македонија за првпат јавно го објави годишниот извештај за нејзината работа. Во извештајот меѓу другото се споменуваат и мигрантите, верскиот радикализам и меѓународен тероризам, како и други предизвици во изминатата година.

Во извештајот е наведено дека во текот на 2017 година, Македонија била цел на хибридни закани во неколку клучни моменти, а особено при промената на власта и промената на соседските односи.

Безбедносното опкружување на земјава во текот на минатата година било детерминирано од глобалните поместувања на центрите на моќ, поделбата на сфери на влијанија, конфликтите на блискиот исток и политичката турбуленција во регионот на југоисточна Европа.

Според извештајот, приоритетите во нивното работење произлегле од надворешно-политичката агенда на владата за засилување на активностите кон евроатлантскиот курс на државата.

Агенцијата за разузнавање, поради засилените активности на шверцерските мрежи во близина на границата на државата и обидите за реактивирање на т.н. балканската рута, кризната состојба на северната и на јужната граница била продолжена до јуни годинава, а се вршел и засилен надзор врз прифатните транзитни центри.

Поврзани новости