Македонија 28-ма по извоз на вино во светот, 173-та по увоз

by fokus

Македонија е на 28 место во светот според извозот на вино, а на 173-то според увозот, објави специјализираниот меѓународен сајт за статистика www.worldstopexports.com.

Минатата година од извозот на вино земјава реализирала 52,4 милиони долари што е 0,1 отсто од извозот во светски рамки.

Вредноста на македонскиот увоз, пак, лани достигнал 699.000 долари што е 0,002 процента од извозот во светот.

Според „Worldstopexports“, светски лидери во извозот на вино се Франција, Италија, Шпанија, Австралија и Чиле со реализирани од две до 10,3 милијарди долари, а најголеми увозници се САД, Велика Британија, Германија, Кина и Канада, со остварен увоз од 1,9 до 6,2 милијарди долари.

Поврзани новости