Македонецот во грчкиот парламент вели дека договорот е добар за двете страни

by fokus

Пратеникот на Сириза, Константинос Селцас, кој е етнички Македонец од Лерин, вчера присуствуваше на церемонијата во Преспа и го поздрави потпишувањето на договорот со Грција. Тој рече дека долги години го чекал овој момент и дека етничките Македонци во Грција го поддржуваат договорот.

-Овој ден е голем за мене, го чекав многу години, голем е за македонскиот народ и за грчкиот народ. Македонците го поздравуваат овој договор, ние сме за утре, не за вчера – изјави тој за „Дојче веле“.

Пратеникот на Сириза е убеден дека договорот ќе помине и во Грција и во Македонија, а верува дека грчкиот парламент ќе го ратификува со голема разлика во гласовите.

 

Поврзани новости