Македонец уапсен во Грција за нелегално пренесување мигранти

by fokus

Скриени во приколката од камионот што го возел, 34-годишен македонски државјанин се обидел нелегално од Турција во Грција да внесе четворица мигранти од Бангладеш, но при контрола на граничниот премин, грчката полиција ги открила мигрантите.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, инцидентот се случил на граничниот премин Кипи во североисточна Грција, во утринските часови во вторникот, а македонскиот државјанин бил уапсен.

– Поконкретно, сторителот кој управувал со камион со приколка пристигнал на граничниот премин Кипи за да влезе во земјата. Таму, за време на контрола извршена од страна на полицијата со помош на царинските службеници, се покажа дека 34-годишниот нелегално во внатрешноста на земјата пренесува четири нелегални мигранти, кои ги скрил во приколката, соопштуваат од грчката полиција.

Камионот бил запленет, а уапсениот ќе биде изнесен пред јавен обвинител во грчкиот град Алескандрополи.

Поврзани новости