Македонец организирал продажба на дрога во Австралија, вчера е приведен во Струга

by Fokus

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против Македонец кој е осомничен дека организирал продажба на кокаин и метиламфетамин во Австралија.

Тој вчера бил приведен во акција во Струга и од Основниот кривичен суд Скопје му е одреден 30-дневен притвор по барање на обвинителството.

Акцијата е резултат на меѓународна соработка на Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија.

ОЈО ГОКК го сомничи за злосторничко здружување и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, и според соопштението оттаму, македонскиот државјанин во август и септември лани создал меѓународната криминална група од која дел станале петмина австралиски државјани.

Поврзани новости